Претставници од ОУТУ „Ванчо Питошески“ беа во работна посета на Велико Трново во Бугарија, по покана од директорката на професионалната гимназија по туризам, Татјана Данчева.
Во рамки на посетата, директорот на ОУТУ „Ванчо Питошески“, Марјан Радески и директорката Данчева потпишаа Договор за соработка помеѓу двете училишта, што понатаму ќе се однесува на соработката околу меѓусебната размена на информации, знаење, искуства, идеи и добри практики, развивање и реализирање на заеднички иницијативи и проекти, заедничко организирање на образовни иницијативи, обуки и пракса, заедничко користење на материјално-техничка основа за едукативни активности, организирање и одржување состаноци, натпревари, конкурси, заеднички развој и имплементација на регионални и меѓународни проекти и други активности.
OhridNews













