Во рамки на проектот  за  меѓународна соработка и унапредување на односите меѓу учениците, професорите  и родителите, во неколку дневна работна посета  на  Измир- Турција е директорот на  ЕМУЦ Св. Наум Охридски, Јане Цаноски.

Директорот Цаноски во Измир оствари работна  средба со директорот на техничкото и индустриско средно училиште “Мерсинли“ , Енвер Туркоглу  при што беше потпишан договор за меѓусебна соработка.

Согласно потпишаниот договор во наредниот период двете училишта се обврзани да работаат на  зацврстување на меѓусебниот  мир и братство,  како и  промоција на културните вредности и модернизација на наставно образовниот процес.

OhridNews