Лидерите на четирите политички партии на средбата што започна синоќа во резиденцијата на претседателот на државата, договорија ревидирање на границите на шестте изборни единици, брифираат партиски извори.

Како што јавува „Макфакс“, промената ќе се случи поради отстапувањето поголемо од законските пет отсто во изборната единица шест, по барање на Нова Демократија. Договорено е вишокот избирачи да бидат префрлени на една од соседните изборни единици, што пак ќе доведе и до ревидирање на границите на остататите.

Претходно, Селмани порача дека, доколку не се случат овие промени, ќе покренат постапка пред Уставниот суд за изборниот законик.

На лидерската средба кај Иванов, присуствуваат претседателите на ВМРО ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и на Нова Демократија.

Како што информираат партиски извори, на средбата опозиските партии изнеле десетина барања со кои се условуваат предвремените парламентарни избори.

OhridNews
извор: „Макфакс“