Според Договорот меѓу Република Македонија и Република Грција, во еден од членовите пишува дека Филип Македонски и Александар Македонски се Хелени – Грци и немаат никаква допирна точка со нас денешните Македонци.

Ова не претставува никаков меѓународен проблем и лесно е да се дојде до вистината. Во заеднички договор меѓу МАНУ и грчката академија на одреден број на жители од едната и другата држава да им се направи ДНК тест и многувековниот проблем е решен.

Слушам и гледам овие денови на повеќето гласила и тв некои личности се произнесуваат дека ние денешниве Македонци немаме ама баш ништо заедничко со древните Македонци, а ниту пак биле населени на денешнава територија се до Скопје и.т.н.

Во врска со ова, како професионалец и добар познавач на античката и средновековната историја, историјата на уметноста и археологијата, ќе се потрудам да искажам свое гледиште.

1.Хераклеа Ликенстис кај Битола е најзначајниот град на античка Македонија, кој го основал Филип II Македонски во IV век п.н.е.

2. На локалитетт Вардарски Рид кај Гевгелија со најновите археолошки истражувања се открија епохални наоди од времето на древните македонски владетели. Да не набројуваме уште многу други археолошки локалитети во Република Македонија.

Овде се поставува прашањето? Како сето ова ќе го презентираме на туристите од целиот свет, дека сето ова е хеленско – грчко, или треба да се откажеме и да го отстапиме и да кажеме дека не се наоѓаат на територија на Република Македонија?

Сега би се навратил на нашиот Лихнид.

Нема да се осврнеме дека Лихнид бил населен од мугрите на човековата цивилизација, преку праисторијата, историјата, средновековието, се до денешен ден. Нема да зборуваме за златните маски од Требеништа кои потекнуваат од VI век п.н.е., туку ќе се осврнеме на археолошките наоди кои изобилуваат со бесценети прилози, уникатни во светот.

Ќе укажеме на еден многу важен историски податок, дека во 359 година п.н.е. Филип II Македонски подигнал велелепни тврдини на Лихнидскиот (Охридскиот) рид и над Св. Еразмо. А денес се видливи од до неодамна мистичните киклопски ѕидини. На овој локалитет се откриени монети од Филип II и други македонски кралеви.


Енгелана

Дел од бесценетите археолошки прилози од времето на древните Македонци се пронајдени на Самуиловите тврдини (III век п.н.е.), Плаошник (II и III век п.н.е.), Видобишта (III век п.н.е.), а како преод од македонскиот во римскиот период е Античкиот театар и велелепната гробница – Македонски тип со остатоци на саркофази во кои биле погребани македоските владатели.

Овде ќе поставиме прашање: Зарем сето ова е грчко? Зарем овде живееле хелени? Во науката се знае како е создадена денешната Република Грција 1821/22 и 1912, која секогаш се викала Елада, а жителите Елини.


Античкиот театар во Охрид

Мислам дека во член 8 од Договорот пишува дека во рок од 6 месеци треба да се отстранат сите симболи од хеленистичкиот период, посебно сонцето од Вергина. Дали ова значи дека треба ваквите симболи да се искорнат или демонтираат, а кои се наоѓаат во главниот кораб – наос на катедралната црква Св. Софија, Св. Богородица Каменско, Св. Ѓорѓија и други? Зарем тоа не значи современ вандализам заради нечиј си ќеиф, кој измислува нова историја? Кое население живеело во древниот Лихнид, грците сигурно не, кои со илјадници се покрстувале во десеттиците велелепни базилики распослани со импресивни мозаици? Нормално древните Македонци!

Ако Охридската Архиепископија била грчка, се поставува прашањето: Зарем самите Грци на чело со грчкиот патријарх Самуил на 15 јануари 1767 година ќе ја уништат својата сестринска црква? Апсурд. Преседан во науката.

Ако денешниве Грци биле потомци на Филип и Александар зошто не се викаат Македонци. Денес во Грција крстените имиња Филип и Александар се застапени во 00,15%. Тие знаеме колку се актуелни во поголем дел од Македонија.

Ние сме државотворен народ на државата Република Македонија, а Грците се врзани само за географскиот поим Македонија. Но откако го протерале македонското население од територијата на Македонија.

На крај да ја расчистиме дилемата околу употребата на старогрчкиот јазик, многу значајна за оваа проблематика.

Древните Македонци си имале свој јазик, но по освојувањето на елинските градови ги прифатиле нивниот јазик и писменост, но си останале Македонци. Денешниве Грци немаат ама баш ништо со старогрчкиот јазик, можеби само 1 или 2 % го зборуваат.

Ние сме сведоци дека во денешно време многу народи се служат со јазикот на други народи, но тоа сосема не им пречи да ја сочуваат својата национална посебност. Американците, Канаѓаните, Австралијанците зборуваат англиски јазик, но никој од нив не вели дека е Англичанец. Бразилците зборуваат португалски, но никој од нив не вели дека е Португалец. Цела Латинска Америка, освен Бразил зборува шпански, но никој не тврди дека е Шпанец, во Белгија се зборува француски но никој не вели дека е Французин. Повеќето од африканските народи ги оставиле своите примитивни јазици и ги прифатиле посовремените – англискиот, францускиот, но никој не може да каже дека со прифаќањето на јазикот и писменоста на покултурните народи, африканските црнци станале Англичани и Французи. Се разбира дека туѓата писменост и туѓиот јазик можат да променат некои пројави во културниот живот на народот што го прифатил, но тие не можат да ги променат најосновните црти на неговите нарави, обичаи и бит.

Со еден збор не можат да ја променат етничката припадност на тој народ, во овој случај Македонскиот.

Гоце Ангеличин Жура
историчар на уметност, археолог и научник

*Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите