Градоначалникот на општина Вевчани, Цветомир Угриноски, во текот на 2014 година најавува реализација на бројни проекти кои ќе го подобрат животот во општината.
Меѓу нив, приоритет се дава на проектот во вредност од 100.000 евра за доградба на канализационата мрежа, при што одделни делови ќе бидат опфатени со сепарациска канализациона мрежа,која потоа ќе се поврзе со постојниот систем .
– Ќе започнеме и со реконструкција и преадаптација на старата училишна зграда, ќе го доизградиме кејот по должината на Вевчанска река, ќе продолжиме со натамошна урбанизација на просторот, со асфалтирање на улици, како и со подобрување на патната инфраструктура, вели градоначалникот Угриноски.
Тој додава дека активностите на локалната самоуправа и во наредниот период ќе продолжат во насока на унапредување на општината која иако е мала по површина, според развојот, може да им послужи како пример на многу поголеми општини во земјава.
OhridNews