Охридската локална самоуправа догодина ќе го реши проблемот со недостигот на работен простор за општинската администрација. Градежните работи за доградба на општинската зграда, се во тек и до сега  е завршена првата фаза од изградбата на објектот. Новото крило кое ќе има приземје и два ката , ќе располага со вкупна површина од 1.500 квадратни метри и ќе биде уредно по сите современи стандарди.

-Во правата фаза беше предвидено да се изгради карабина на објектот. Оваа фаза е веќе при крај, а за да се продолжи со наредните фази од уредувањето на доградбата ќе треба да се распишат последователни тендери за избор на изведувачи, информираат од Општина Охрид. Оттаму додаваат дека не можат да прецизираат точни рокови за тоа кога новиот оддел ќе биде пуштен во употреба, затоа што тоа ќе зависи од текот на правните процедури.


Инаку доградбата на новото општинско крило се прави бидејќи во поголемиот дел од постојниот објект на Општина Охрид се сместени подрачните единици на повеќе министерства, па општинските службеници се соочуваат со просторни проблеми.
OhridNews