Доградбата на општинската зграда ќе финишира догодина
28.04.12 09:00
Охридската локална самоуправа догодина ќе го реши проблемот со недостигот на работен простор за општинската администрација. Градежните работи за доградба на општинската зграда, се во тек и до сега е завршена првата фаза од изградбата на објектот. Новото крило кое ќе има приземје и два ката , ќе располага со вкупна површина од 1.500 квадратни метри и ќе биде уредно по сите современи стандарди.
-Во правата фаза беше предвидено да се изгради карабина на објектот. Оваа фаза е веќе при крај, а за да се продолжи со наредните фази од уредувањето на доградбата ќе треба да се распишат последователни тендери за избор на изведувачи, информираат од Општина Охрид. Оттаму додаваат дека не можат да прецизираат точни рокови за тоа кога новиот оддел ќе биде пуштен во употреба, затоа што тоа ќе зависи од текот на правните процедури.
Инаку доградбата на новото општинско крило се прави бидејќи во поголемиот дел од постојниот објект на Општина Охрид се сместени подрачните единици на повеќе министерства, па општинските службеници се соочуваат со просторни проблеми.
Продолжува чествувањето на 11 Октомври-Денот на народното востание во Охрид Во рамки на програмата подготвена од Општина Охрид вечерва од 20 часот во Културен центар „Култ“ – Охрид ќе биде отворена...
По повод 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ, еден од најзначајните датуми во македонската историја и државност, НУ Библиотека „Григор Прличев” – Охрид...
На 09102026 во 10:10 часот во СВР Скопје 48-годишно лице од Охрид пријави дека на подрачјето на Центар бил физички нападнат од друго лице, информираат од МВР Додаваат дека се преземаат мерки за рас...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.