Конечно ! Дојде денот за наплатување и расчистување на старите сметки со Макс Струмица тогаш (Зомимак) кој пред четири години со победа во Охрид го сруши сонот кој моментално клубот го живее во Супер лигата.
Дербито се играше во Првата лига и значеше суперлигашки живот, а струмичани во Охрид допатуваа со огромна желба за надигрување и победа која и ја остварија.
„Рисовите“ ги скршија срцата на играчите и охридската публика која сигурно со горчина се присеќа на тој натпревар и пораз по реоформувањето на клубот.
Четири години подоцна охриѓани се респектабилен и квалитетен суперлигаш исто како и Макс Струмица, а дуелот нивни (19 часот) не е за влез во Супер лигата туку за третата позиција во македонскиот шампионат.
Ракометарите и симпатизерите на клубот со нетрпение го чекаат овој меч со Макс Струмица кој и „официјално“ ќе означи почеток на плејоф возбудувањата за Охрид по тешките мечевите со Вардар и Металург. Епа, струмачни дојде денот !
Мх.П.