Најсторото натпреварување во Англија, ФА Купот е последната шанса за „црвените ѓаволи“ и Луис ван Гал да ги израдуваат своите фанови со трофеј кои веќе го загубија трпението.


Противник на Манчестер Јунајтед во 1/4 финалето од ФА Купот е Вест Хем кој успеа да остане непоразен на Олд Трафорд на првиот меч ремизирајќи 1-1.

Холандскиот стручњак Ван Гал кој има уште една сезона од договорот имаше задача да го врати Јунајтед на правиот пат откако скршна по заминувањето на Сер Алекс Фергусон од менаџерската позиција.


Првата „посна“ сезона беше очекувана, но втората е далеку понеуспешна од дебитанската. „Црвените ѓаволи“ испаднаа во групната фаза од ЛШ, долго, долго време се аут од трката за титулата, а и четвртото место кое води во квалификациите за ЛШ.

ФА Купот е последна шанса за трофеј на Манчестер Јунајтед, а најверојатно и за Ван Гал кој во случај на неуспех ќе биде на излезни врати од Олд Трафорд.

OhridNews