Оптимистички расположена Македонската ракометна репрезентација вечерва (20.15 ч.) во салата „Борис Трајковски“ во Скопје го очекува првиот меч од бараж-дуелот против Исланд за учество на СП во Хрватска, в година.
Не сме имале ни грам среќа против селекцијата на Исланд против која три пати сме играле бараж-дуели и секогаш сме биле елиминирани.
– Во тимот владее победничка атмосфера. Триумфот на трофејот на Македонија, уште повеќе ја крена самодовербата кај играчите – вели селекторот Илија Темелковски.

– Треба стрпливо да ја градиме играта. Кулминацијата треба да се случи во периодот од 40 до 55 минута, кога очекувам навивачите да бидат најгласни.
Агенцијата за млади и спорт вети награда од 20.000 евра, доколку Македонија успее да избори пласман на завршницата на СП. Возвратниот меч се игра во следниот викенд во Рејкјавик.










