По тринеделен зимски одмор, основците и средношколците денеска ќе се вратат во училишните клупи. Почетокот на второто полугодие од учебната 2011/2012 година беше пролонгиран за еден ден поради ниските температури. Истиот ќе биде одработен дополнително.

Во второто полугодие како новина се воведува советување на родители чии деца имаат 3 единици, 10 неоправдани или 100 оправдани изостаноци, во период од три месеци или непримерно се однесуваат. Во тој случај  родителите или старателите на проблематичните ученици ќе имаат законска обврска да одзват на поканата за средба со психолог,  што ќе им ја испраќа училиштето, во сптотивно ќе бидат парично казнети.

Министерството за образование и наука најави дека наскоро ќе стартува со проектот e-дневник, со што родителите ќе имаат увид во успехот и образованието на нивните деца.

OhridNews