
-Доколку попишувачот не го најде дома семејството, тој ќе остави белешка кога повторно ќе намине, а доколку повторно не го најде семејството дома, тогаш ќе им остави белешка да се јават во локалната канцеларија за попис, појаснуваат од Државанта пописна комисија.
Претседателот на Државната пописна комисија Весна Јаневска во интервју за МИА објаснува дека на претстојниот попис, ќе се попишуваат и граѓаните кои се надвор од државата, но најмногу 12 месеци, но и луѓето кои не се државјани на Македонија, а имаат документ дека се на привремен престој кај нас.
-Оние кои се излезени и не живеат во земјата повеќе од 12 месеци нема да бидат попишани затоа што тие ќе бидат попишани во земјите во кои што живеат. –истакна Јанеска, посочувајќи дека тоа е така според процедурите на ЕУРОСТАТ, која води грижа за статистиката во ЕУ, истакна Јанеска.
Тие лица појаснува таа се државјани на Република Македонија и си ги задржуваат сите права, како на пример правото на глас, но не можат да бидат попишани затоа што нивното вообичаено место на живеење не е во нашата држава.
OhridNews












