Случајот со дивоградбите на инвеститорот ИВИРЕ  во Трпејца не е завршен.Решението  и заклучокот од јули минатата година кои поради неизвршување од страна на локалната власт ги превзедовте во Ваша надлежност не ги реализиравте до крај, стои во писменото обраќање на месната заедница Трпејца до Министерство за транспорт и врски – Државен градежен инспекторат.

– Срушен е само еден објект на ИВИРЕ којшто беше дополнително граден и за кого подоцна имаше решенија и заклучоци за рушење. Дивоградбата надградена и врз сомнително купените 90 метри квадратни и на државен имот ( купопродажба за која се заинтересира и Одделението за стопански криминал при СВР – Охрид )   остана заградена со жолта лента. Претходно  сопственикот од третиот кат и дивите проширувања ја извади столаријата, прозорци и врати за по три недели да врати дел од нив на старото место, велат трпејчани. 

Од месната заедница јавно прашуваат и бараат одговор: Зошто  Државниот градежен инспекторат прекина со рушењето и кој му дозовлува на сопственикот на ИВИРЕ повторно да ја обновува градбата. Оттаму бараат во целост да се постапи по решението и заклучокот за рушење на дивоградбите на ИВИРЕ  во Трпејца и да му се наложи на сопственикот просторот да го врати во првобитната сосотојба.

– Доколку за десеттина дена не продолжи спроведувањето на решението и заклучокот за рушење на дивоградбите на ИВИРЕ повторно ќе излеземе на мирен протест со блокирање на меѓународниот правец Охрид – Свети Наум, најавуваат од МЗ Трпејца .

OhridNews