Денеска ќе преовладува сончево и многу топло време со слаб до умерен југозападен ветер. Индексот на УВ зрачење ќе изнесува 9, информираат од УХМР Македонија.

До сабота нашето подрачје ќе биде под влијание на многу топла воздушна маса која ќе предизвика сончево и многу топло време со натпросечни температури на воздухот. Максималните температури вдолж Повардарието и во јужните делови ќе го надминуваат 40-тиот степен. Во недела посвежа воздушна маса од север ќе предизвика на повеќе места нестабилно време со поројни врнежи од дожд и појава на грмежи, особено попладне. Во понеделник ќе преовладува променливо и свежо време со локален дожд. Во недела ќе дува умерен, а во понеделник и засилен ветер од северозападен правец, кој ќе предизвика значително опаѓање на температурата, соопшти УХМР Македонија.

OhridNews

Од 11 до 17 часот да не се работи на отворено