
„Централната власт и јавното претпријатие „Македонија пат“ се плашат од успесите на Локалната самоуправа. Канализациониот систем во Лескоец е изграден. Единствената пречка за да го ставиме во функција е тоа што не ни даваат прекоп“ вели градоначалникот Петрески и објаснува дека целата траса кон Пештани е ископана за приватни имоти, а основните животни проблеми на жителите од Лескоец остануваат нерешени.
ЛКокалната самоуправа, инаку, ја поздрави одлуката на Министерството за транспорт и врски кое на општините ќе им додели од 1,5 до милиони денари за изградба на водоводните системи. Иако се работи за мали средства, сепак и тие се добредојдени во нашата каса, велат од локланата сампуправа.
Ohridnews












