Припадниците на етничките заедници кои се под 20 проценти, очекуваат реални резултати од Пописот на населението и домаќинствата во Република Македонија, кој е во тек, но воедно изрзуваат и загриженост за одредени појави кои го пратат пописот. Од  Заедницата на Египќаните во Македонија, која е една од најбројните во Охрид,  укажуваат на  одредени пропусти  во одредувањето на реоните на попишувачите од помалите етникуми но и на обиди за манипулација, на што тие најавија дека најостро ќе се спротистават.

– Во однос на реалноста на резултатите од пописот, ние ќе направиме споредба, бидејќи знаеме колкав е бројот на  Египќаните и доколку тие бројки не се совпаѓаат, ние
нема да ги прифатиме резултатите од пописот,
вели Вахид Мемед – потпретседател на Сојузот на балканските Египќани во Македонија.

Претставниците на српската национална заедница искажуваат целосна доверба во државните институции од кои очекуваат решителен одговор на обидите за политизација на оваа значајна статистичка операција, која, како што велат,  е од исклучително значење за развојот на земјата, но и за реална правична застапеност на припадниците на помалите етнички заедници во севкупното општествено живеење.

-Мислам дека пописот се политизира посебно од албанскиот фактор кој е во
мнозинство, заради прикажување на поголем број на население од нивна
страна, но сметам дека државата треба да реагира и да го спроведе пописот по
европски стандарди,
истакна Зоран Цветковиќ –претседател на српското друштво „Коштана“.

Од надлежните државни институции укажуваат дека согласно Уставот припадниците на етничките заедници кои се под 20 проценти, имаат загарантирани права кои ги штитат од манипулации при пописот, но голем дел од нив не знаат за тоа.

– Сметам дека граѓаните не ги знаат доволно своите законски права,
дека согласно Уставиот можат слободно да го изразат својот етнички  и верски
идентитет и дека можат да го употребат својот мајчин јазик на пописот,
вели Весна Бабиќ Петровски-Директор на агенцијата за остварување на правата на заедниците.

Агенцијата за остварување на правата на заедниците во септемви започна со кампања за информирање на припадниците на помалите етнички заедници за своите права при пописот, која заврши вчера со посета на Охрид и Струга. Оттаму сметаат дека кампањата не е задоцнета и ќе има ефект, односно ќе придонесе за што пореални резултати на пописот кој и една недела по започнувањето го следат проблеми кои според надлежните се отстрануваат во од и нема да се одразат на успешноста на најсложената статистичка операција.

Горан Момироски