Советот на градски татковци со предлог- доколку не успее и новиот обид за продажба на ЕМО Охрид на странски инвеститор, ингеренциите околу компанијата да ги преземе локалната самоуправа која на просторот на кој се протега компанијата би изградила индустриска развојна зона.
– Локалната самоуправа е во постојан контакт со владата која, по претходно неколкуте неуспешни тендери за продажба на ЕМО Охрид, подготвува нов тендер. Размислувањата се да биде изградена индустриска развојна зона, каде просторот по парцели би им се издавал на потенцијалните инвеститори со кои досега веќе имаме остварено контакти и кои се заинтересирани да започнат одредено производство од различни области. Бидејќи сеуште не е решен статусот на ЕМО, чекаме конечна развршница, за да можеме да ги продолжиме контактите со заинтересираните инвеститори, изјави денес градоначалникот Никола Бакрачески.
Во однос на судбината на околу 600- те, сеуште вработени во компанијата, Бакрачески потенцира дека тоа е во ингеренција на владата, но предлогот на локалната самоуправа и Советот на градски татковци е доколку ЕМО прерасне во индустриска зона, по инвестирањето на странските или домашни инвеститори, приоритет при вработувањата да имаат вработените во ЕМО. Како што додаде градоначалникот, секако доколку нивните стручни квалификации се соодветни на дејностите на претпријатијата кои би функционирале во рамки на индустриската развојна зона.
Т.К.
Поради технички проблеми OhridNews недостапен за читателите повеќе часови