Од министерството за здравство информираат дека на одделението за интерна медицина во Општа болница – Охрид, најголем број реализирани прегледи во текот на изминатата недела, имаат д-р Валентина Милошевска, со реализирани по 121 амбулантски прегледи, додека докторот со реализиран најмал број на прегледи на истото одделение, има извршено 19 прегледи.
На одделението за дерматовенерологија, најголем број реализирани прегледи има д-р Елпиника Марин, која извршила вкупно 86 амбулантски прегледи на неделно ниво. Од докторите инфектолози, најголем број реализирани прегледи бележи д-р Светлана Попоска Алексијевска со 81 прегледи во изминатата недела.
– Меѓу општите хирурзи од оваа болница, најголем број прегледи реализирал д-р Димитар Арнаудов со вкупно 102 прегледи на неделно ниво, додека општиот хирург кој реализирал најмалку прегледи минатата недела, извршил 29 прегледи. На одделението за оториноларингологија, најголем број прегледи реализирала д-р Ленка Беде, со вкупно 74 прегледи. На одделението за офталмологија, најголем број прегледи реализирала д-р Љубинка Бакаловска, која во текот на неделата извршила вкупно 85 прегледи. Најголем број амбулантски прегледи на одделението за педијатрија има реализирано д-р Весна Богојевска, со извршени 72 прегледа, информираат од надлежното министерство.
На одделението за психијатрија во охридската болница, најголем број прегледи реализирал д-р Јулија Василевска со вкупно 34 прегледи во текот на изминатата недела, додека докторот психијатар со најмалку прегледи има извршено 31 преглед. На одделението за урологија, најголем број прегледи реализирал д-р Горан Балевски, со извршени вкупно 38 прегледи во текот на изминатата недела, додека докторот со најмал број реализирани прегледи на истото одделение, извршил 5 прегледи.
На одделението за физикална медицина, најголем број прегледи реализирала д-р Благовеста Филева Попоска, која изминатата недела извршила 45 прегледи.
OhridNews