Како што информираат од министерството за здравство, на одделението за интерна медицина во охридската Општа болница,во текот на изминатата седмица, најголем број реализирани прегледи извршиле д-р Љиљана Ангелеска и д-р Валентина Милошевска, со реализирани по 135 амбулантски прегледи, додека докторот со реализиран најмал број на прегледи на истото одделение, има извршено 69 прегледи.

На одделението за дерматовенерологија, најголем број реализирани прегледи има д-р Петар Бачевски, кој извршил вкупно 108 амбулантски прегледи на неделно ниво. За илустрација, докторот со најмал број извршени прегледи во рамки на истото одделение во оваа болница, реализирал 103 прегледи.  

Од докторите инфектолози, најголем број реализирани прегледи бележи д-р Гордана Пешликовска со 60 прегледи во изминатата недела, додека докторот со најмал број реализирани прегледи на ова одделение, извршил 48 прегледи.

– Меѓу општите хирурзи од оваа болница, најголем број прегледи реализирал д-р Димитар Арнаудов со вкупно 70 прегледи на неделно ниво, на одделението за оториноларингологија, најголем број прегледи реализирала д-р Билјана Кичеец, со вкупно 82 прегледи. На одделението за офталмологија, најголем број прегледи реализирала д-р Љубинка Бакаловска, која во текот на неделата извршила вкупно 91 преглед, додека докторот со најмал број прегледи од ова одделение, извршил само 1 преглед, велат од министерството за здравство.

Најголем број амбулантски прегледи на одделението за педијатрија има реализирано д-р Весна Богојевска, со извршени 29 прегледи, во споредба со докторот со најмал број извршени прегледи на ова одделение, кој извршил 9 прегледи.

На одделението за психијатрија во охридската болница, најголем број прегледи реализирал д-р Јулија Василевска со вкупно 52 прегледи во текот на изминатата недела, на одделението за урологија, најголем број прегледи реализирал д-р Горан Балевски, со извршени вкупно 49 прегледи во текот на изминатата недела, додека докторот со најмал број реализирани прегледи на истото одделение, извршил 15 прегледи.

На одделението за физикална и рехабилитациона медицина, најголем број прегледи реализирала д-р Благовеста Филева Попоска, која изминатата недела извршила 46 прегледи.

OhridNews