Како што информираат од министерството за здравство, изминатава недела на одделението за интерна медицина во охридската Општа болница , најголем број реализирани прегледи имаат д-р Љиљана Котлар, со реализирани 102 амбулантски прегледа, а на одделението за дерматовенерологија, најголем број реализирани прегледи има д-р Петар Бачевски, кој извршил вкупно 129 амбулантски прегледи на неделно ниво.

Од докторите инфектолози, најголем број реализирани прегледи бележи д-р Светлана Попоска Алексијевска со 81 преглед во изминатата недела, меѓу општите хирурзи од оваа болница, најголем број прегледи реализирал д-р Диел Аголи со вкупно 80 прегледи на неделно ниво.

На одделението за оториноларингологија, доктори со најмногу извршени прегледи се д-р Билјана Кичеец и д-р Крсте Матов, кои реализирале по 69 прегледи. На одделението за офталмологија, најголем број прегледи реализирала д-р Соња Филева, која во текот на неделата извршила вкупно 83 прегледи, додека најголем број амбулантски прегледи на одделението за педијатрија има реализирано д-р Фимка Устијаноска, со извршени 39 прегледи.
На одделението за психијатрија во охридската болница, најголем број прегледи реализирал д-р Ефтим Бакаловски со вкупно 37 прегледи во текот на изминатата недела, а на одделението за урологија, најголем број прегледи реализирал д-р Горан Балевски, со извршени вкупно 47 прегледи во текот на изминатата недела.

На одделението за физикална медицина, најголем број прегледи реализирала д-р Атина Велеска со извршени 52 прегледа.

OhridNews