Како што информираат од министерството за здравство, на одделението за дерматовенерологија во Општа болница, најголем број реализирани прегледи има д-р Петар Бачевски, со вкупно 130 амбулантски прегледи во изминатава недела. На одделението за интерна медицина, најголем број прегледи реализирала д-р Виолета Целеска, со вкупно 117 прегледи. Од докторите инфектолози, најголем број реализирани прегледи бележат д-р Лидија Љаткоска и д-р Светлана Попоска Алексијевска со реализирани по 83 прегледи во изминатата недела, а меѓу општите хирурзи од оваа болница, најголем број прегледи реализирал д-р Диел Аголи со вкупно 49 прегледи на неделно ниво.
На одделението за оториноларингологија, најголем број прегледи реализирала д-р Билјана Кичеец, со вкупно 93 прегледи. За илустрација, докторот со најмал број извршени прегледи на ова одделение во изминатава недела, извршил само 1 преглед.
На одделението за офталмологија, најголем број прегледи реализирала д-р Љубинка Бакаловска, која во текот на неделата извршила вкупно 63 прегледи, а најголем број амбулантски прегледи на одделението за педијатрија имаат реализирано д-р Блага Доревска и д-р Фимка Устијаноска, со извршени по 51 преглед, во споредба со докторот со најмал број извршени прегледи на ова одделение, кој извршил 10 прегледи.
На одделението за психијатрија во охридската болница, најголем број прегледи реализирал д-р Јулија Василевска со вкупно 61 преглед во текот на изминатата недела. На одделението за урологија, најголем број прегледи реализирал д-р Ристо Медароски, со извршени вкупно 37 прегледи во текот на изминатата недела. На одделението за физикална и рехабилитациона медицина, најголем број прегледи реализирала д-р Атина Велеска, која изминатата недела извршила 44 прегледи.
OhridNews