Група туристи од Латвија, во голем дел здравствени работници, во аранжман на Т.А. „Елида турс“, престојуваат во 8-дневна посета на земјава, во рамки на која, вчера, ја посетија Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид.

Тие остварија средба со директорот и дел од лекарскиот тим, кои ги запознале со условите во болницата. Лекарите од двете земји размениле искуства и информации за функционирањето на здравствените системи во Латвија и Македонија.


Доктори – туристи од Латвија во посета на Коснозглобна

OhridNews