Според Министерството, со новата процедура за прием на здравствените работници се очекува да бидат вработени најкомпетентните и со најголемо знаење.
– Владата преку Министерството за здравство се одлучи да отвори 400 нови работни места во ЈЗУ. При вработувањето ќе има нови критериуми, кои досега не биле случај и првпат ќе почне да се применуваат членот 160 од Законот за здравствената заштита, кој детаљно предвидува кој ќе биде начинот на вработување на здравствени работници – се вели во соопштението.
Прв критериум е просекот што го имаат здравствените работници со високо образование и тој носи 40 бода. Вториот, кој носи 60 бода е поделен на два поткритериума (полагање стручен дел, кој носи 40 бода и познавање еден од светските јазици – англиски, германски или француски јазик, кој носи 20 бода).