Иако покачувањето на температурата на воздухот и стабилизирањето на временски услови ги израдува охриѓани, хронично болните и оние кои имаат проблеми со респираторните органи највеќе ги чувствуваат наглите промени и температурните осцилации.

Д-р Сузана Новакоска Дујковиќ, од поликлиниката „Кардиолаб Маџаров“, предупредува дека наглите температурни разлики можат да предизвикаат различни проблеми не само кај хронично болните лица, туку кај сите категории граѓани.

Постои можност да се јават појави на вирози, главоболки, кардиоваскуларни тегоби, како и проблеми со дишењето кај оние кои лица кои имаат бронхит или астма. Особено внимание треба да обратат хронично болните.“ – вели д-р Новакоска Дујковиќ

Според УХМР, деновиве во земјава не очекуваат пеколни горештини кои можат штетно да влијаат на човековото здравје, а за заштита од истите потребно е да се преземат низа превентивни мерки. Поради високите тепмератури, зголемен е бројот на пациенти кои се жалат на честите варијации на крвниот притисиок. 

Дел од мерките кои треба да се почитуваат се редовно внесување на доволно количество течности и витамини, носење лесна и светла облека и помалку изложување на сонце во периодот од 10 до 16 часот. Хронично болните треба навремено да ја земаат терапијата. Како  компликација на високите температури можат да се јават најразлични тегоби од сончаница, па се до топлотен удар. Тоа се манифестира со вртоглавица, потење, главоболки, појава на топлотни грчеви, исцрпенсот од самото потење и дехидрација.“ – предупредува д-р Новакоска Дујковиќ.

Научните работници сметаат дека зголемената зона на топлотните бранови во текот на летото е директно поврзана со глобалното затоплување.

Ние мислиме дека се е случајно.  Во Македонија немаме веќе сезони, како една медитеранска земја. Немаме пролет, доаѓа нагло летото, кое се прескокнува па доаѓа  есента.  Генерациите кои живееле на поднебје какво што е нашето, ги чувствуваат тие промени. И точно се јавуваат оние аномалии кај луѓето, за кои се вели дека се метеопати. Тие  ги чувствуваат притисоците врз здравјето, врз сетилата за вид, крвниот притисок…“ – изјави неодамна проф. д-р Здравко Крстаноски од Хидробиолошкиот завод во Охрид.

Според резултатите од следењето на климатските промени на Џејмс Хенсен од Институтот за вселенски студии Годард на американската агенција за вселенски истражување НАСА, „топлотните бранови“ зафаќаат 10 отсто од површината на Земјата, што е за 10 пати повеќе од пред половина век.

О.Т.