Д-р Виолета Мојсовска Наумоска, спец кардилог, доктор на мединцински науки вработена во ЈЗУ Специјализирана болница за превенција, лекување и рехабилитација на карадиоваскуларни заболувња –Охрид, преку соопштение исптратено во медиумите ја обвини матичната здравствена установа за опструкција на професионален развој.
Пред една недела Д-р Мојсовска Наумоска информираше дека е добитник на престижната стипендија за едукација и професионална надградба во полето на интервентната кардиологија, доделена од Европската асоцијација за перкутани кардиоваскуларни интервенции (EAPCI), дел од Европското кардиолошко здружение (ESC). Оваа стипендија е признание за нејзината стручност и посветеност, и претставува извонредна можност за стекнување на најнови знаења и вештини кои се од витално значење за унапредување на кардиолошката нега во нашата земја, стои во дописот во кој Д-р Мојсовска Наумоска тврди дека се соочува со обиди за опструкција и дека Кардиолошкиот центар „Св. Стефан“ со кој раководи Д-р Билјана Теговска, испратил документ до Европското здружение на кардиологија со барање стипендијата да ѝ се одземе, под изговор дека нема институционална поддршка.
Ваквите постапки се во директна спротивност со законските одредби кои го регулираат континуираното стручно усовршување на докторите на медицина. Според Член 1 од Законот за медицинските студии и континуираното стручно усовршување на докторите на медицина, овој закон го уредува токму континуираното стручно усовршување на докторите на медицина, следењето на новите сознанија во медицината и унапредувањето на знаењето и практичните вештини. Понатаму, Член 7 став (1) од истиот закон експлицитно ја утврдува обврската на докторите на медицина, специјалистите и супспецијалистите вработени во јавните здравствени установи да следат обуки и други облици на стручно усовршување. Оваа обврска е дополнително зајакната со Член 9 став (3) , кој предвидува дека неспроведувањето на стручното усовршување претставува дисциплинска неуредност. Најважно, Член 8 став (3) од Законот за медицинските студии и континуираното стручно усовршување на докторите на медицина јасно пропишува дека доколку за доктор на медицина е обезбедена обука во здравствена установа во странство, директорот на јавната здравствена установа во која е вработен докторот на медицина е должен истата да ја овозможи. Непочитувањето на оваа обврска повлекува глоба во износ од 2.000 до 2.500 евра во денарска противвредност за директорот на здравствената установа, согласно Член 16 став (4) од истиот закон, се наведува во соопштението.
Докторката го обвини раководниот орган на болницата, дека со преземените дејствија установата директно го попречува нејзиното стручно усовршување што, како што се истакнува во дописот, е спротивно на закон.
Освен тоа, ваквите обиди за опструкција може да се толкуваат како дискриминација во работниот однос. Според Член 7 став (4) од Законот за работните односи, дискриминацијата е забранета во однос на напредувањето во работата и пристапот до сите видови и степени на стручно оспособување. Доколку овие дејствија се мотивирани од лични околности или претходни обиди за дискредитација, тие може да потпаднат под дефиницијата за дискриминација од Член 6 од Законот за спречување и заштита од дискриминација , која забранува секое разликување, исклучување или ограничување што има за цел или резултат спречување на уживање или остварување на правата и слободите, посочува Мојсовска Наумоска, посочувајќи дека нејзиниот успех не е само личен, туку е успех за установата, целиот здравствен систем и, пред сè, за пациентите кои ќе имаат корист од најсовремените медицински практики.
Таа побара итна реакција од надлежните институции, и најави дека ќе бара одговорност од раководството на болницата, обвинувајќи за злоупотреба на службената положба, и кршење на други законски одредби во случајот.
Во врска со изнесените наводи и обвинувања, Специјализираната болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања – Охрид информира дека за грантот доделен од Европското кардиолошко здружение, а поврзани со д-р Виолета Мојсовска Наумоска, институцијата се информирала од социјалните мрежи и портали без претходна комуникација или известување од страна на д-р Мојсовска Наумоска.
Апликацијата е поднесена од нејзина страна во лично својство, без официјална согласност и знаење на болницата. Во однос на грантот, институцијата ќе постапува согласно своите процедури, законските обврски и стручните критериуми, а во контекст на заштита на интересите на самата институција и здравјето на пациентите.
Болницата останува доследна на принципите на транспарентност, законитост и професионален интегритет и како и досега, така и во иднина информирањето на јавноста ќе го темели на факти, колективна работа и почитување на етичките стандарди во медицината, стои во известувањето на Стручниот колегиум на Специјализираната болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања- Охрид, потпишано од директорката Д-р Билјана Теговска.
Г.М.













