-Шанса им дадов на сите играчи, бидејќи утре не очекува полуфиналето. Екипата на Торус е млада и сака да се надигрува и во колку и се дозволи простор може се` да се случи, затоа ние не оставивме ништо на случајност. Ние сме фаворити на хартија но мора тоа да го одработиме на теренот.
Екипата на Торус за прв пат настапи на завршницата на купот, а нивниот тренер Стево Костоски е задоволен од тоа како се покажале во Охрид
– Генерално гледано оваа млада екипа одигра на задоволително ниво. Разликата се направи во неколку фази од натпреварот, нивната агресивна одбрана не ни дозволи да се разиграме, тешко доаѓавме до чисти позиции а доста често и тие не ги реализиравме.