Марин Докузовски (49) е избран за нов селектор на македонската машка сениорска кошаркарска репрезентација. Менаџментот на МКФ ја потврди препораката на Стручниот совет кој го предложи Докузовски за предводник на најдобрите македонски кошаркари.
Актуелниот тренер на Работнички беше предводник на македонскиот национален тим, и тоа во дел од квалификациите за ЕП 2001. Селекторското место кај мажите беше испразнето по оставката на Србинот Јовица Арсиќ кој реши предвреме да си замине од кормилото на националниот тим, иако имаше договор до 2010 година.
Во тренерската кариера Докузовски ги има водено екипите на Работнички, МЗТ Скопје, Поло Трејд и бугарскиот Лукоил Академик.
Еден од најсериозните кандидати за помошник на Докузовски се спомнува поранешниот тренер на Амак СП, а сега тренер на Пелистер, Марјан Лазовски, кој му беше асистент и на селекторот Јовица Арсиќ, и има искуство со работа во репрезентацијата.
Во спортската сала „Билјанини Извори“ синоќа со одлична атмосфера и голема спортска енергија заврши уште едно успешно издание на турнирот во футсал Ohrid FREED 2025 Финалната вечер, која се одржа в...
Одиграно петтото коло од V Општинско првенство во шах „7 Ноември 2025“ кое се одржува во просториите на ШК Ласкер Охрид во ООУ Братство Единство Охрид На истото учествуваат 24 шахисти од Охрид и Ст...
Поради временските услови одложен хуманитарно-меморијален планинарски марш „Трајан Целески – Тачо“ кој требаше да се одржи утре Организаторите најавуваат дека дополнително ќе биде соопштена датата ...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.