По поразот од Шпанците во полуфиналната пресметка, македонскиот селектор Марин Докузовски едноставно свесен дека силата и квалитетот на актуелниот европски шампион дојдоа до израз наспроти нашиот се поочигледен замор од досегашните бескомпромисни борби.

 

„Игравме со цело срце, како и на сите досегашни натпревари. Но, знаевме дека наспроти нас имаме силен противник. Знаевме дека ќе биде многу тешко. Можеби можевме малку подобро да одиграме во одбраната, но и за таквата наша игра постои едно добро образложение – веќе почна да биде очигледен и заморот кај нашите кошаркари“ – истакна Докузовски по дуелот со Шпанија.

Нашиот селектор притоа само искрено се надева дека никој во Македонија не остана разочаран по денечниот пораз.

 – Искрено се надевам дека и на овој натпревар не ги разочаравме нашите навивачи и целокупната македонска јавност. Знам како се следеше овој натпревар во Македонија. Горди сме на нашата земја, верувам дека ќе собереме сили и успешно кон победа ќе одиме во битката за бронзениот медал“ – истакна Докузовски.