Македонската кошаркарска репрезентација по воведниот триумф во Украина (71-52) вечерва игра против Унгар („Борис Трајковски“, 20:45 ч), во квалификациите за ЕП 2011.


И покрај долгото патештвие во нашиот тим владее победничка атмосфера, која вечерва треба да се потврди со нова победа против еден од аутасајдерите во нашата група. Унгарија во првото коло претпре пораз на домашен терен од Велика Британија, со што во голема мера си ги намали шансите за пласман на континеталниот собир.

– Секој меч е приказна за себе. Унгарците воопшто не се слаб противник и
се лаже секој што мисли дека треба само да се појавиме на терен и ќе
победиме. Нема да биде така, сите знаат да играат кошарка. Не смееме да
ги потцениме, против сите ривали ќе играме максимално. Постојано
укажувам на тоа, нема опуштање. На домашен терен не се дозволени киксови
бидејќи така џабе би била победата во Украина. Унгарците после поразот
од Велика Британија, ќе играат послободно, сите шутираат и може да бидат
опасни во контранападите – смета селекторот Марин Докузовски. Тој вели
дека ако одиграме одбрана како против Украина, победата нема да
изостане.


Докузовски најави дека нема да има промена во составот, и повторно ќе настапи со истите кошаркари кои ја донесоа злато вредната победа во Украина. Дебито во македонскиот дрес Бо Мекејлеб се очекува да го има на наредниот натпревар против В.Британија.

 

Во досегашните меѓусебните дуели против Унгарија, Македонија има позитивен биланс од 3-1, но сите четири пресметки беа пред повеќе од 10 години. Во квалификациите за ЕП 1997, Македонија загуби тесно на гостувањето во Унгарија со 80-82, но во Скопје се реванширавме со 80-61. Потоа во квалификацискиот циклус за Евробаскетот 1999, „црвено-жолтите“ двапати славеа против Унгарците.


Според прикажаното на средбата со Велика Британија која Унгарија ја загуби дома со 82-91, најопасен поединец и двигател на играта им е крилото Адам Ханга. Членот на Албакомп во 2009 година беше кандидат за влез на НБА драфтот. Ханга против Велика Британија имаше 20 поени, 10 скока и три асистенции. Бекот Давид Војвода уфрли 18 поени, а имаше и шест скока. Скор од 15 поени и шест скока имаше крилниот центар Петер Лорант. „Маѓарите“ за последен пат на ЕП учествуваа во 1999 година кога завршија на 14 место, а во далечната 1955 година тие беа дури и европски шампиони.

Денеска играат БиХ и Украина

Денеска од нашата група Б се игра уште средбата БиХ – Украина, а слободни се Британците кои ќе можат да се подготвуваат за мечот со Македонија в недела во Њукасл. Останати двојки од 2 коло на квалификациите за денеска, група А: Финска – Црна Гора и Летонија – Италија. Слободен е Израел. Група Ц: Полска – Португалија и Белгија – Грузија. Слободна е Бугарија.

Ohridnews