Докузовски: Очекувам пласман на Евробаскетот во Литванија
15.12.09 00:30
Марин Докузовски и официјално седнува на клупата на машката кошаркарска репрезентација на Македонија втор пат во својата кариера. Тој на селекторското место беше и пред осум години. Докузовски доаѓа на местото на Јовица Арсиќ кој поднесе оставка по завршувањето на Европското првенство во Полска.
– Знам дека на чело на репрезентацијата доаѓам во време кога Македонија направи голем резултат на Европското првенство и дека ќе бидам под голем притисок од јавноста за повторување на успехот а во најмала рака пласман на Евробаскетот. Сметам дека оваа репрезентација има потенцијал за постигнување на добри резултати и за тоа ја прифатив поканата на луѓето од федерацијата да седнам на селекторското место– изјави новиот селектор.
Најголеми промени Докузовски најави во Стручниот штаб и најави задржување на „костурот“ на репрезентацијата од Европското првенство во Полска.
– Секој селектор си има свои видувања, но треба нешто и да се наследи, односно да се запази континуитетот од минатото. Што се однесува за капитенската лента најверојатно ќе ја добие Гечевски, но се уште немам донесено конечна одлука. Најважно ќе биде сите да се собереме на стартот на подготовките и да нема повредени играчи– истакна Докузовски.
За изборот на странците ќе одлучел откако ќе бидат познати противниците за следниот квалификациски циклус.
Фудбалерите на ГФК Охрид Лихнидос ги започнаа подготовките за новата сезона Од клубот велат влегуваат во новата сезона со јасна цел – ПРВА ЛИГА! Со стартот на подготовките за сезоната 2025/26...
Велосипедскиот клуб „Вело Фаланга“ од Струга денес организира ноќна велосипедска тура околу Охридското Езеро Годинава, велат организаторите, ноќната вело тура има хуманитарен карактер и ќе се вози ...
Во водите на Охридското Езеро во август ќе се одржи Третата меѓународна веслачка регата, која што ќе обедини веслачи од целиот Балкан, во организација на Веслачкиот клуб „Горица Ремо” Веслачкиот кл...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.