Марин Докузовски и официјално седнува на клупата на  машката кошаркарска репрезентација на Македонија втор пат во својата кариера. Тој на селекторското место беше и пред осум години. Докузовски доаѓа на местото на Јовица Арсиќ кој  поднесе оставка по завршувањето на Европското првенство во Полска.

Знам дека на чело на репрезентацијата доаѓам во време кога Македонија направи голем резултат на Европското првенство и дека ќе бидам под голем притисок од јавноста за повторување на успехот а во најмала рака пласман на Евробаскетот. Сметам дека оваа репрезентација има потенцијал за постигнување на добри резултати и за тоа ја прифатив поканата на луѓето од федерацијата да седнам на селекторското место– изјави новиот селектор.

Најголеми промени Докузовски најави во Стручниот штаб и најави задржување на „костурот“ на репрезентацијата од Европското првенство во Полска.

–  Секој селектор си има свои видувања, но треба нешто и да се наследи, односно да се запази континуитетот од минатото. Што се однесува за капитенската лента најверојатно ќе ја добие Гечевски, но се уште немам донесено конечна одлука. Најважно ќе биде сите да се собереме на стартот на подготовките и да нема повредени играчи– истакна Докузовски.

За изборот на странците ќе одлучел откако ќе бидат познати противниците за следниот квалификациски циклус.

ohridnews