Се надминавме себеси и покажавме дека имаме големо срце и голема желба за победа. Посебно со оглед на тоа што во салата имаше многу наши навивачи кои дошле од многу далеку, од Македонија, да не бодрат на овој Евробаскет“ – рече селекторот Марин Докузовски по големиот триумф на Македонија над Хрватска.


По поразот од Црна Гора, кој го изгубивме во продолжение, ретко кој
очекуваше дека ќе можеме така брзо да се вратиме псохолошки, па и
физички.

Оваа победа ни ја враќа самодовербата и покажува дека со сите екипи можеме да се носиме рамноправно. И понатаму ќе играме вака, од натпревар во натпревар, и ќе го оставаме срцето на теренот и што подостојно ќе ја претставуваме нашата држава.

Селекторот истакна дека натпреварот го доби екипата, затоа што секој од играчите имаше свои добри минути. Исто така тој им честита на сите играчи на големата борбеност и срцето кое го оставија на теренот, посебно му се заблагодари на Тодор Гечевски кој иако повреден, даде голем придонес во нашата победа.

Тодор Гечевски на овој натпревар покажа колку е важен за нас. Тој самиот побара да игра и јас морам да му честитам на тоа, затоа што јас се плашев да го ставам да не дојде до некоја повреда. Но, тој инсистираше да игра. Слично нешто направи и минатата година против Велика Британија, кога играше повреден“ – рече Докузовски и додаде среќата ги прати храбрите и заслужено победивме“.

Сега нашите најдобри кошаркари имаат еден ден одмор во Литванија пред големиот дуел со Грција, кој се игра во сабота.

Ohridnews