По поразот од Црна Гора (65:70) на стартот од шампионатот, селекторот на македонската репрезентација Марин Докузовски причините за неуспехот ги виде во поквалитетните играчи на клупата што ги има противникот и во лошата соработка со неговите помошници во финишот на средбата.
– Ова беше клучниот натпревар за нас во групата, бевме на чекор до победата, но противникот имаше повеќе играчи на клупата. Еден од клучните моменти на натпреварот беше и моментот кога Лестер Бо Мекејлеб на неколку секунди да крајот на натпреварот ја направи петтата лична грешка. Во тие моменти комплетниот стручен штаб и сите на клупата потфрлија бидејќи најмалку Мекејлеб требаше да биде во игра или пак тој воопшто не требаше да прави „наивна“ лична грешка. Без него во продолжението Македонија, воопшто немаше шанса за победа – рече Докузовски.
Македонија вечерва од 20 часот го игра вториот натпревар на шампионатот, противник е Хрватска која во првото коло ја победи Финска со 84:79.
Старт со пораз за Македонија на ЕП во Литванија
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com