На седницата на Стручниот Совет, на која присуствуваа и директорот на сениорската репрезентација Врбица Стефанов и директорот на националните тимови Илија Мерџановски, се разгледуваа две точки, избор на селектор на сениорите и рестартирање на националниот младински камп на МКФ. Стручниот Совет даде препорака, заради континуитет и искуство со сегашната генерација и Марјан Лазовски да продолжи да работи со сениорската репрезентација, а во стручниот штаб да биде вклучен и Слободан Петровски, како еден од најперспективните млади тренери кај нас. Предлогот до УО е на Докузовски да му се довери двегодишен мандат, односно, квалификациите за ЕП во Литванија 2013.










