Предводникот на 12 – мината воини, Марин Докузовски кој со овации од македонските новинари беше дочекан на пресконференцијата по поразот во малото финале, уште еднаш потврди дека победи македонското срце, кое за жал нема да биде закитено со медал.
– Многу малку ни недостасуваше да го досонуваме сонот и да освоиме медал. И покрај големата желба, и уште поголемото срце, нешто што со себе го носи оваа репрезентација на Македонија, сепак, Русија е кошаркарска велесила. Има играчи сериозно квалитетни, има клупа… На овој натпревар имаа и извореден офанзивен скок, мислам дека дури и имаат повеќе офанзивни отколку дефанзивни скокови. Дадоа 30 поени од т.н. ‘втора шанса’. Друг важен фактор секако се нашите проблеми со личните грешки на нашите клучни играчи. Токму и поради тоа нашата одбрана на моменти попушташе. Но и покрај тоа, се вративме, бевме егал, се до последните секунди од мечот во кој немаше да биде незаслужено ние да го освоивме тој медал кој силно го посакувавме. Како игравме на ова ЕП, заслуживме медал – потенцираше Докузовски.
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com