Португалската ѕвезда во Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандес, го популаризираше изведувањето на пенал со подзастанување или скокање, пред да го упати ударот кон голот. Фернандес речиси не погрешува од белата точка, но (веројатно) тешко е да се копира неговиот стил за изведување. Сето тоа на своја кожа го осети Гонзало Коронел, кој прописно се посрамоти во пенал рулетот во Купот на Аргентина. Коронел зеде долг залет и биеше слично како Портулецот, но не беше ефикасен како него и веднаш стана тема за потсмев. Погледнете!

OhridNews