Манчестер Јунајтед сеуште официјално го нема назначено за нов менаџерт Луис ван Гал сепак тој веќе ја склопил трансфер листата на фудбалери кои сака да ги доведе на Олд Трафорд.

Холандскиот стратег најмногу внимание ќе посвети на одбраната, која по завршување на сезоната остана без долго-годишниот бедем пред голот Немања Видиќ и Рио Фердинанд.

Фудбалерот на Борусија, Мет Хумелс и новопечниот репрезентативец на Англија, Лук Шо се потенцијалните две засилувања во одбраната.

Во средината од теренот Ван Гал за засилувања ги планира Кевин Стротман, Тони Крос и Вилијам Карваљо кои се млади и перспективни фудбалери.

Најзвучното име на трансфер листата доаѓа од нападот а тое Едисон Кавани, кој ќе биде трансфер бомба на островот ако се одлучи да го засили Манчестер Јунајтед.

Мх.П.