Туристичката сезона во Охрид, која годинава е под очекувањата, викендов го доживува својот врв. Во Охрид од вчера влегуваат колони автомобили, а слободни места во хотелите и приватните капацитети речиси да нема. Според слободни проценки за Илинден во Охрид престојуваат над 20.000 гости.
За испонетоста на Охрид говорат овие фотографии направени денеска на патниот правец од Охрид кон Св. Наум кој води до плажите. Колоните кои се создаваат се долги со километри, а кон плажите и оттаму за Охрид се патува со поголеми застои.