Богојавление-Водици, денот на Христовото крштевање и оваа година традиционално по 23-ти пат се одбележа пред хотелот „Мизо“ во населбата Воска. Најсреќен помеѓу 30-тина капачи кои се фрлија во водите на Охридското езеро беше Дарко Шеќероски, кој прв пат стигнува до светиот крст.

Според традицијата, фаќачот на крстот од оваа година, ќе биде кум на манифестацијата за наредната година и ќе биде задолжен да подготви скромна трпеза со греана ракија и вино.

Манифестацијата за Водици во Воска ја проследија и голем број припадници на муслиманската вероисповед, кои го честитаа празникот на своите соседи и пријатели.

Мх.П.