Богојавление-Водици, денот на Христовото крштевање и оваа година традиционално по 21-ти пат се одбележа пред хотелот „Мизо“ во населбата Воска.


Најсреќен меѓу 20-тина капачи кои се фрлија во водите на Охридското езеро беше Кристијан Митрески. Тој по втор пат стигнува до светиот крст, откако прв пат го фати 2015 година.

Според традицијата, фаќачот на крстот од оваа година, ќе биде кум на манифестацијата за наредната година и ќе биде задолжен да подготви скромна трпеза со греана ракија и вино.


Манифестацијата за Водици во Воска ја проследија и голем број припадници на муслиманската вероисповед, кои го честитаа празникот на своите соседи и пријатели.

Фото: Михаил Постоловски
OhridNews