Уредувањето на Долни Сарај е  при крај. Изграден е и обележан нов паркинг простор на кој е предвидено бесплатно  да се   паркираат околу дваесеттина автомобили.

Просторот  е целосно исчистен, хортикултурно уреден, изградена  е патека која е поплочена со бекатон плочки, а поставени се и клупи за седење.  Акцијата за уредување на Долни Сарај, по налог на Општина Охрид ја реализираа охридските јавни претпријатија.

OhridNews