Жителите на охридското село Долно Лакочерај, деновиве добија нова канализациона мрежа. Од Јавното претпријатие ,,Нискоградба’’ од Охрид информираат дека канализационата линија, која веќе е ставена во функција се протега од влезот на селото до мостот.
-Новата мрежа е со вкупна должина од 1300 метри, главен цевковод и премини со должина од 220 метри. Цевкоководот е изграден од профили со дијаметар Ф-200 милиметри, а поставени се и 60 канализациони шахти. Сакаме да ги информираат сите граѓани кои гравитираат на ова подрачје дека Јавното претпријатие започна да врши приклучок на канализационата мрежа, појаснуваат од ЈП ,,Нискоградба”.
Од таму ги повикуваат сите заинтересирани граѓани да дојдат во канцелариите на Јавното претпријатие за да се информираат за постапката и начинот на кој можат да се приклучат во новата мрежа.
Проектот за изградба на канализационата линија во Долно Лакочерај започна во месец октомври 2013 година.
OhridNews