Партијата ДОМ на Лилјана Поповска, смета дека изјавата на Владиката Петар е средновековна и неприкладна за 21-от век.

Оттаму очекуваат дека МПЦ ќе се огради од изјавата на Владиката Петар и неговиот ретрограден став, зашто во спротивно таа би направила огромна штета и за жената и мажот, но и за државата и нацијата за која е загрижена.
„Секој претставник на МПЦ треба да го чува угледот и достоинството на таа институција, која одиграла многу важна улога во борбата за македонска држава и формирање на македонскиот национален и културен идентитет. Црквата треба да биде духовна потпора на современиот човек, живеејќи го сегашниот момент, а не да биде закана и заплашувач! Ниеден црковен великодостојник нема право да ги злоупотребува верските чуства на своите верници, за да им всади назадни идеи и чуство на вина за сите проблеми во државата.“ – додава Лилјана Поповска.
Инаку, неодамна Владиката Петар ги обвини жените во Македонија дека се виновни за високата стапка на разводи во земјаваа поради нивната потреба да имаат одлучувачка улога во семејството.
OhridNews












