Демократската обнова на Македонија – ДОМ денеска, петок, ќе испорача 10.000 книги на жителите на областите Голо Брдо и Гора во Република Албанија. Книгите ќе ги предаде Лилјана Поповска, претседател на ДОМ, а ќе ги прими Едмунд Османи, советник во Голо Брдо од македонското малцинство во Албанија. Тие се наменети за десетте училишта на македонски јазик во овие области со околу 400 ученици.
Книгите и училишниот прибор беа собрани во хуманитарната акција „Книгата моја патува“ што ДОМ ја организираше по повод 24 мај, Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј. Собирањето книги траеше и во текот на месец јуни и тоа во повеќе градови во Македонија. Книги донираа повеќе издавачки куќи, библиотеки, членови и симпатизери на ДОМ, граѓани ширум Македонија.
По повод примопредавањето на книгите во Голо Брдо ќе биде организирана скромна свеченост на која ќе настапат актерите Ѓорѓи Јолевски и Рубенс Муратовски.
На 30092026 во 20:45 часот во СВР Охрид е пријавено дека пред деловен објект во охридското село Куратица бил нарушен јавниот ред и мир со физички напад извршен од едно лице врз 47-годишно лице, два...
Со еден златен и два бронзени медали се закитија учениците од РЦСОО „Ванчо Питошески“ – Охрид на 14 Меѓународен натпревар на ученици од угостителско-туристички училишта – ГАТУС 2026, кој од 26 до 2...
ЈП „Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 02102026 год(петок) ќе организира акција за подигнување кабаст и зелен отпад од реон опфатен со улиците „Абас Емин”...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.