Во 40-тина општини низ земјава, партијата ДОМ на претстојните лоални избори ќе настапи со самостојни советнички листи, додека коалиционо со ВМРО-ДПМНЕ за градоначалници.

Според портпаролот на ДОМ, Тони Ристов, изборната кампања на партијата ќе промовира политичка култура на толеранција, разум и одмереност.

Сакаме да покажеме дека на политичката сцена трпеливо работи политички субјект со автентична програма, ни лево ни десно, ни црно, ни бело, туку зелено. На граѓаните на Република Македонија ќе им понудиме ЗЕЛЕНА програма базирана на „Платформата за зелени општини“ која ДОМ ја претстави пред една година.“ – вели Ристов.

Тој потенцира дека едни од приоритетите на партијата се демократијата и човековите права. Она што ќе биде карактеристика за листите на ДОМ ќе биде и големата застапеност на понежниот пол, како кандидатки и носителки на листите.

Меѓу другото ќе се бориме за ефикасна заштита на животната средина, зелена економија со зелени работни места, еко-земјоделие, еко-туризам, обновливи енергии и енергетска ефикасност, зелени градови, социјална правда и еднакви можности, образование, односно наука и култура.“ – додава Ристов.

Инаку, ова е официјалната одлуката на Извршниот одбор на партијата од пред една недела, која се очекува да биде потврдена на утрешната седница на Централниот одбор.

OhridNews