Како што рече на денешната прес конференција портпаролот на ДОМ, Маја Морачанин, за ДОМ како зелена партија најважни се еколошките аспекти на проектот во Љубаништа.
– Тоа е интерес и на многу наши граѓани и затоа предлагаме јавна дискусија, со учество на државните институции и стручната јавност, околу 5 прашања за туристичкиот комплекс: на колкава површина, со кои граници и на колкава должина на брегот ќе се протега, за колкав број туристи се планира и што би значело тоа како густина на население во еден момент, во однос на користењето на езерскиот брег и терените околу него, со која сообраќајна инфраструктура и средства тие туристи ќе пристигнат таму, колку чиста вода ќе биде потребна дневно и од каде ќе се обезбеди, како и колку отпад и отпадни води ќе се произведуваат дневно и каде ќе се одведуваат, велат од ДОМ.
Од партијата потенцираат дека има уште многу еколошки прашања, но ДОМ започнува со најважните,со цел да се насочи дискусијата во конструктивна насока, со користење стручни аргументи, ослободени од политизирање .