Нарушување на јавниот ред и мир, физички напад и пукање со гасен пиштол, било регистрирано вчера во домот на Н.К. (53) од Струга. Како што соопшти полицијата, инцидентот се случил синоќа околу 18 часот и 40 минути, кога во домот на Н.К. пристигнал неговиот пријател А.Б. (52) од Скопје. Непосредно по нивната средба, настанала расправија и меѓусебна турканица во која набрзо А.Б. пукал со гасен пиштол кој го имал завиткано во вреќа.
    
Од истреланиот гасен проектил, Н.К. се здобил со лесни телесни повреди во пределот на градите. Во следниот момент, А.Б. извадил и нож со мало сечиво но не го употребил. Ножот, во повторната  турканица, Н.К. успеал да го одземе притоа здобивајки се со неколку помали исеченици на рацете.
    
Полициската станица од Струга, по целосното расчистување на овој случај, ке поднесе соодветна пријава.

OhridNews
извор: СВР Охрид