Интер и Болоња забележаа победи на домашен терен без да примат погодок над Пескара (2-0) односно Киево (4-0).


Избраниците на Страмачони после половина час од мечот го пронајдоа патот до противничката мрежа. Стрелец на водечкиот погодок беше Паласиос. Конечниот резултатот на натпреварот го постави Гуарин во 54-та минута.

Со триумфот над Пескара, “нероазурите“ се пласираа на третата позиција додека Болоња се одлепи на пет бодови од опасната зона.

Мх.П.