Домаќинот Ал-Вахд со 3-0 го победи Хекари Јунајтед од Папуа Нова Гвинеја на воведниот натпревар од светското клупско првенство. Стрелци во победата беа Хуго, Биано и Јума.

Во сабота домаќинот Ал Вахад за противник ќе го има тимот на македноскиот интернационалец Сашо Огненовски јужнокорејскиот Сеонгам.

Втората четвртфинална двојка ја формираа шампионите на Африка и Средна Америка, Мазембе од Конго и мексиканската Пачука.

Шампионите на Европа и Јужна Америка, Интер и Интернасионал од Порто Алегре на натпреварувањето ќе му се приклучат следната недела, во полуфиналната фаза. Финалниот натпревар ќе се одигра на 18 декември.

Ohridnews