Охридските кошаркари првата етапа од дебитанската
сезона во Втората кошаркарска лига ја завршија на третата позиција со
тринаесет бодови.  Првопласирана е екипата на Апаве додека втората
позиција ја зазеде тимот на Карош Соколи.

Кошаркарите на Лихнодос во осум натпревари забележаа пет победи и тоа сите на домашен терен и три порази сите на гостинско тло.

Надмоќноста
на охриѓани на домашен терен ја почуствстуваа Неготино, Ангели, Гоце
Делчев, Водњански Лисици и Бест додека “белите“ оружјето во положија на
гостувањата кај Апаве, Тетекс и Карпош Соколи.


Охриѓани немаа милост кон никого на домешен терен.

Белег на есенската полусезона оставија трогателните победи на домашен терен против Гоце Делчев и Водњански Лисици.

Охриѓани
пролетната полусезона ја почнуваат против фенерџијата Неготино на 23
февруар, потоа следува мечот пред домашната публика со К. Соколи на 2
март.

Мх.П.